Животот се состои од правење на избори. Да се направи информиран избор за третман на неплодноста, бара сеопфатни информации за тоа кои се вашите можности, а ние овде обезбедуваме општи и конкретни информации за неплодноста, како таа може да биде управувана, и какви видови на третмани се достапни за различни видови на неплодност и проблеми поврзани со нив. Главната задача на една клиника за вештачко оплодување е успешно дијагностицирање на проблемот и успешно идентификување на соодветно решение за секој пациент посебно, така штоисходот од третманот на неплодноста може да биде оптимизиран. За ова е потребно огромно искуство и експертиза како и внимателено тестирање и набљудување на процесот. Њуборн Клиника е основана во 2014 година, и од тогаш, им пружа можност на илјадници парови да го имаат бебето кое го посакувале. Можноста да понудиме високо квалитетни третмани со фокус на задоволството на пациентите отсекогаш била наш приоритет број еден. Со денешната технологија, сите видови на информации се достапни и до нив се доаѓа многу лесно. Но ова со себе донесе и значителна количина од неквалитетно знаење на интернет. Иако е сосема во ред да се пребарува на интернетза одредени теми од интерес, кога станува збор за грижата за здравјето, Ве молиме да не им верувате на информациите кои ќе ги најдете на интернет, без разлика колку професионално овие информации изгледаат. Наместо тоа, прашајте ги нашитеИВФ експерти за било какви прашања кои се однесуваат на вашата состојба и третманите кои ви се достапни. Исто така, не верувајте на било која веб-информација која ветува дека ќе Ви овозможи брз и делотворен лек, бидејќи такво нешто не постои. Ве молиме бидете слободни да нѐ прашате се што ве интересира и ние ќе се погрижиме да добиете професионален одговор од сертифициранпрофесионалец.