+38977 443 443 / +3892 2734 350 contact@newborn.mk
  • македонски јазик
  • English

Почетна

Arrow
Arrow
Slider

ЗА НАС

Животот се состои од правење на избори. Да се направи информиран избор за третман на неплодноста, бара сеопфатни информации за тоа кои се вашите можности, а ние овде обезбедуваме општи и конкретни информации за неплодноста, како таа може да биде управувана, и какви видови на третмани се достапни за различни видови на неплодност и проблеми поврзани со нив. Главната задача на една клиника за вештачко оплодување е успешно дијагностицирање на проблемот и успешно идентификување на соодветно решение за секој пациент посебно, така штоисходот од третманот на неплодноста може да биде оптимизиран. За ова е потребно огромно искуство и експертиза како и внимателено тестирање и набљудување на процесот. Њуборн Клиника е основана во 2014 година, и од тогаш, им пружа можност на илјадници парови да го имаат бебето кое го посакувале…

ТРЕТМАНИ

IVF/ICSI

Доколку овие испитувања покажат дека сопствените јајце-клетки и сперматозоиди на пациентите се прифатливи за третман, тогаш ќе се препорача IVF/ICSI третман со користење на сопствени ….повеќе

IUI

Врз основа на овие резултати од тестот, како и возраста на пациентот, може да биде избрана опцијата за помалку инвазивен третман, како што е IUI, за разлика од поинвазивната IVF/ICSI процедура.    повеќе

PGD

Генетска дијагноза пред имплантација(PGD) е софистицирана научна техника која може да се користи за тестирање на ембрионите за било која специфична позната генетска состојба или хромозомски абнормалности…повеќе

IMSI

IMSI претставува интрацитоплазмично вбризгување на морфолошки селектирани сперматозоиди. Процесот на IMSI вклучува проценка на сперматозоидите при многу големо приближување со користење на инвертен ..повеќе

 

 

НАШИОТ ТИМ

Д-р Татјана Гуржанова
Специјалист акушер, гинеколог и IVF специјалист
Др Владимир Трајковски
Специјалист акушер и гинеколог

СВЕДОШТВА

Author Picture

Со тимот на чело со Д-р Татјана Гуржанова се запознав пред 1,5 год. Прекрасно ме примија и направени се сите потребни испитувања. Во декември 2015 направена е инсеминација која не вроди со резултат. По препорака на мојата Д-р Татјана Гуржанова пристапив кон припрема за ИВФ постапка. Во март 2016 е направен 1-от обид кој беше неуспешен. Докторката имаше одличен пристап и ме советуваше да се опуштам и на есен да се обидеме повторно. Целиот тим ми беа несебично посветени и достапни во било кое време за сите мои дилеми и прашања.

...Повеќе
Л.П.   
Л.П.   
Author Picture

Со тимот на чело со Д-р Татјана Гуржанова се запознав пред 1,5 год. Прекрасно ме примија и направени се сите потребни испитувања. Во декември 2015 направена е инсеминација која не вроди со резултат. По препорака на мојата Д-р Татјана Гуржанова пристапив кон припрема за ИВФ постапка. Во март 2016 е направен 1-от обид кој беше неуспешен. Докторката имаше одличен пристап и ме советуваше да се опуштам и на есен да се обидеме повторно. Целиот тим ми беа несебично посветени и достапни во било кое време за сите мои дилеми и прашања. Второто ИВФ беше на 13.12.2016. Кога на 27.12.16 ми се јави докторката дека сум бремена просто не ми се веруваше бев пресреќна. Оттогаш ми се достапни 24/7 за сите дилеми и прашања. Секогаш љубезни и насмеани. Еве ја дочекав 14-тата недела од бременоста и благодарение на тимот и соодветната терапија се е во ред. Неизмерна е мојата среќа бидејќи ова е моја прва бременост на 51 годишна возраст. Благодарение на Д-р Татјана Гуржанова, Д-р Владимир Трајковски, ембриологот Д-р Мимоза Витанова како и целиот тим.
Со почит
Л.П. 01.03.2017

Author Picture

По долгогодишно мечтаење за остварување на најголема желба на секоја жена,и по долгогодишното одење по клиниките во државава конечно го пронајдов тимот кој максимално е посветен на пациентите без разлика за каков проблем станува збор.За кој би станувало збор ако не за Њуборн Клиник -тим за респект.
Ви благодариме од срце за вашето внимание,посветеност и позитивна енергија која што ми ја дадовте за да ми се оствари мојата најголема желба.НАЈДОБРИ СТЕ продолжете така верувам дека ќе се уверат уште многу многу брачни парови.

...Повеќе
AA   
AA   
Author Picture

По долгогодишно мечтаење за остварување на најголема желба на секоја жена,и по долгогодишното одење по клиниките во државава конечно го пронајдов тимот кој максимално е посветен на пациентите без разлика за каков проблем станува збор.За кој би станувало збор ако не за Њуборн Клиник -тим за респект.
Ви благодариме од срце за вашето внимание,посветеност и позитивна енергија која што ми ја дадовте за да ми се оствари мојата најголема желба.НАЈДОБРИ СТЕ продолжете така верувам дека ќе се уверат уште многу многу брачни парови.
Среќата е неизмерна бидејќи станува збор за трето инвитро-прво во Њуборн Клиник.
Ви благодарам....
А.А

Почитувани, во моментот кога Ви пишувам ги чувствувам најубавите движења на моето бебенце во стомакот. Сакам да Ви изразам голема благодарност на докторката Гуржанова како и на целиот тим за се што правите за нас, да можеме и ние да се радуваме на живоот. Во моментот сум 30недела и со нетрпение го чекаме големиот ден. Би сакала да ги охрабрам сите што го имаат овој проблем да не се откажуваат , секој неуспешен обид е само чекор поблиску во решавањето на проблемот.

...Повеќе
Ф.С.М   
Ф.С.М   

Почитувани, во моментот кога Ви пишувам ги чувствувам најубавите движења на моето бебенце во стомакот. Сакам да Ви изразам голема благодарност на докторката Гуржанова како и на целиот тим за се што правите за нас, да можеме и ние да се радуваме на живоот. Во моментот сум 30недела и со нетрпение го чекаме големиот ден. Би сакала да ги охрабрам сите што го имаат овој проблем да не се откажуваат , секој неуспешен обид е само чекор поблиску во решавањето на проблемот. Со тимот на new born се остваруваат соништата. Со почит Ф.С.М

Кои витамини им се потребни на мажите за здрава сперма?

Кога станува збор за забременување, речиси целото внимание е насочено кон жените. Интензивниот фокус е на исхраната и начините што можат да ги зголемат шансите за зачнување. Но здравата исхрана е важна за двајцата партнери, па оттука неспорно е дека во иднина татковците играат клучна улога во процесот на создавање ...
повеќе

Синдром на полицистични јајници – причина бр. 1 за неплодност.

Полицистичен оваријален синдромПолицистичниот оваријален синдром (ПЦОС) е најчесто хормонално нарушување кај женската популација, со најразлична клиничка слика.Окулу 10 % од жените во репордуктивно доба страдаат од оваа состојба, а во последните 10 години процентот рапидно се зголемува, најверојатно поради се поголемото конзумирање на преработена храна богата со прости шеќери.    Причинителот за ...
повеќе

Ендометријалната инфекција и ендомертијалната рецептивност

Ендометријалната инфекција и ендомертијалната рецептивност не може да се видат или измерат при ултрасонографски преглед. На сликата се прикажани примероци од ендометријална ко култура кај три различни пациентки во ист ден. Кај пациентката бр. 1 може да се види чист примерок без инфекција додека кај пацинтките бр. 2 и бр ...
повеќе

Грижа за миленици во бременост

Многу семејства гледаат на нивните миленици како дел од фамилијата. Домашните миленичиња носат многу забава, радост и позитивна енергија. Во бременоста треба да внимавате какви миленици чувате и како се грижите за нив. Нема причина зошто вашето куче да не е дел од фамилијата додека сте бремени. За да имате ...
повеќе

ГАЛЕРИЈА

СОРАБОТНИЦИ