+38977 443 443 / +3892 2734 350 contact@newborn.mk
  • English
  • македонски јазик

ЗАМРЗНУВАЊЕ НА ЈАЈЦЕ КЛЕТКА / ЕМБРИОН

Криопрезервација на јајце клетки

Процедурата за криопрезервација на јајце клетки започнува исто како при ин витро постапка со што пациентката прима одредена хормонска терапија за да се добијат повеќе јајце клетки во истиот циклус. При пункција на јајце клетки тие се вадат и се собираат. Во лабораториски услови се одвива соодветна обработка и подоцна замрзнување на јајце клетките. При процесот на замрзнувцање на јајце клетки може за да се замрзнат само оние јајце клетки кои се зрели и со добар квалитет. Криопрезервација на јајце клетки се врши со метод на витрификација односно брзо занрзнување со што се овозможува ефикасно и безбедно замрзнување. Замрзнатите јајце клетки се чуваат во посебни контеинери со течен азот на температура од -196 степени.

Криопрезервација на јајце клетки се препорачува кај пациентки кои планираат одложено родителство, немаат партнер, пациентки со одредени видови на канцер или други заболувања.

 

Криопрезервација на ембриони

При ин витро постапката доколку дојде до успешно оплодување на повеќе јајце клетки и до развивање на повеќе ембриони, може на пациентот да му се предложи криопрезервација (замрзнување) на ембриони. Оваа процедура е застапена кај 50-60% од париовите кои прават ин витро оплодување. Главната цел на оваа постапка е пациентката да не се изложуцва повторно на хормонска терапија и анестезија туку да прими одредена терапија која ќе овозможи ендометриум со соодветна дебелина погодна за ембрио трансфер. Замрзнување на ембриони може да се препорача и кај пациентки при хиперстимулација, несоодветна дебелина на ендометриум или несоодветен хормонски статус, причини кои може да придонесат до намалена имплантација на ембриони.

Ембрионите може да се криопрезервираат во сите фази од нивниот развој меѓутоа најчесто се замрзнуваат во третиот или петтиот ден од развојот. Практикуваме да се замрзнат само ембриони со добар развој и добар квалитет како би се намалиле шансите за оштетување или целосно изумирање на ембрионите при процесот на замрзнување / одмрзнување. Процесот на криопрезервација на ембриони се врши со метод на витрификација односно брзо замрнување . Оваа метода овозможува брзо и безбедно замрнување на ембриони на температура од -196 степени во течен азот. Чувањето на замрзнатите ембриони е во посебни контеинери со течен азот кои овозможуваат одржување на температура од -196 степени. Откако ембрионите ќе бидат замрзнати може да се чуваат неограничено долг период во исти услови меѓутоа според најновите стандарди не се препорчува чувањето на ембриони да биде подолго од пет години. Методот на одмрзнување на ембриони исто така е брз и безебеден со што се овозможува 90% преживување на ембрионите. Процентот на успех е еднакво ист при трансфер на свежи и при трансфер на замрзнати / одмрзнати ембриони.