IVF – ИВФ -Ин витро постапка-постапка на вонтелесно оплодување
Самиот термин ин витро во буквална смисла на зборот значи во стакло, т.е. оплодување и создавање на ембрион во стаклен сад. Тоа е најпопуларна метода на потпомогнато биолошко оплодување и носи надеж на илјадници парови кои без оваа постапка никогаш не би можеле да имаат потомство.
Оплодувањето се спроведува така што јајните клетки се вадат од јајниците и се оплодуваат во лабораториски сад и оплодени, т.е. како ембриони се враќаат директно во матката.
Вонтелесното оплодување најчесто се користи кај жени со непроодни јајоводи, после неколкупати обиди со други методи како интраутерина инсеминација, кај лош наод во спермограмот на машкиот партнер или кај парови со идиопатско т.е. непознато потекло на неплодност.
Како отприлика изгледа оваа постапка?
За жени
Оба е посложена процедура од интраутерината инсеминација и може да се разликува во некои детали од клиника до клиника но воглавно вклучува неколку основни етапи:
- Етапа на поттикнување на суперовулација на јајниците
На почетокот на постапката специјалистот за хумана репродукција ќе препише терапија за стопирање на производство на хормоните на хипофизата кои се испуштаат во крвта за време на еден менструален циклус ( агонисти) за да се има подобра контрола на производството на јајните клетки во јајниците. Некогаш вашиот лекар ќе се одлучи за алтернативно решение со друг тип на лекови кои се викаат антагонисти за стопирање на хормоните на хипофизата т.е стопирање на спонтаната овулација. Потоа ќе предложи користење на други лекови кои го стимулираат јајникот во суперовулација, како јајниците би произвеле повеќе од една зрела јајна клетка, што во природен циклус би се случило.
- Етапа на фоликулометрија-пратење на раст на фоликул со тоа и созревање на јајните клетки во јајниците со помош на вагинален ултразвук
Во текот на стимулацијата лекарот со помош на вагинален ултразвук ќе го прати растот на фоликулот, нивото на естрадиол во крвта, како и нивото на други хормони кои се неопходни за следење и прогноза на успех на ин витро постапката. Кога фоликулите ќе добијат одредена големина, а најчесто после 9 до 11 дена од стимулацијата се дава ХЦГ или стоп инекција и после 34-38 часа се прави аспирација на јајните клетки од јајниците.
- Етапа на аспирација на јајните клетки од фоликулите
Оваа етапа се изведува под контрола на вагинален ултразвук со долга и тенка игла се влегува во секој фоликул поединечно преку вагиналниот зид и се испразнува неговата содржина со вакум аспирација. Постапката се изведува на обата јајника и обично е болна, заради тоа се дава краткотрајна анестезија со аналгезија.
- Етапа на добивање на сперма
Во време на аспирација на јајните клетки партнерот остава свеж материјал, добиената сперма одстојува кратко време и потоа се испира и се центрифугира како би за оплодувањето останат најздравите и најактивните сперматозоиди. Ако во постапката се користи смрзната сперма, примерокот се одмрзнува и потоа се припрема исто како и свежиот примерок. Со оваа постапка се имитира природниот процес, бидејки оплодувањето го вршат само најактивните и најдобрите сперматозоиди, само тие стасуваат до јајната клетка во организмот на жената.
- Етапа на оплодување нан јајните клетки
Во нашата клиника се користи само методата ICSI за оплодување која е опишана на нашата интернет страна. Другиот ден, или некаде после 20 часа се проверува колку јајни клетки се оплодиле со следење на појава на пронуклеуси, кога влегува во фаза зигот.
- Етапа на припрема за бременост
После аспирацијата на јајните клетки на пациентката и се даваат прогестеронски препарати како вагиналети, креми или/и инекции за да го припремат ендометриумот за прифаќање на ембрионот. По избор на лекарот може да се даде и друга терапија, како антикоагулантна, антиинфламаторна, антиагрегациона со што би се зголемила можноста за имплантирање на ембрионот и со тоа и процентот на успех на самата постапка.
- Ембриотрансфер
Од 2 до 5 дена после оплодувањето ембрионите се враќаат во матката на претходно добро припремен ендометриум. Во нашата држава се враќа најмногу 2 или во посебни услови и со согласност на парот 3 ембриона. Многу е битно да се направи разлика кога и во колкав број ќе се вратат затоа што враќањето на поголем број на ембриони ја зголемува шансата за успех, но во исто време го зголемува и ризикот на повеќеплодна бременост која има ризик од предвремено породување на незрели деца.
Самиот процес на ембриотрансфер се врши под контрола на ултразвук со абдоминална сонда, се аплицира спекулум во вагина, и со помош на многу тенок еластичен катетер се става ембрионот на спојот на втората третина со третата третина од кавумот на матката. Во нашата клиника непосредно пред да ги вратиме ембрионите биологот-ембриолог прави laser assisted hatching, т.е правење на мал отвор со помош на ласер на чаурата окулу ембрионот и со тоа му олеснува на ембрионот побрзо да се залепи за зидот на матката и да се имплантира.
Ембрионите кои не се пренесени во матката и доколку се со задоволувачки квалитети можат да се замрзнат потточно витрифицираат и да бидат пренесени, трансферирани во некој иден циклус. Квалитетот после одмрзнувањето е со ист квалитет како пред замрзнувањето.
После трансферот на ембриони се препорачува да се лежи во клиниката 50 до 60 минути, потоа во домашни услови мирување но не исклучиво лежење во наредните 8 дена, кога се смета дека е завршена имплантацијата, и се продолжува со прогестеронската терапија и со додатната терапија што е препишана веднаш после аспирацијата на јајните клетки. После 14 дена од трансферот се испитува од крв ниво на БХЦГ (хормон на бременост), и доколку е позитивен тестот се продолжува со целата терапија која е препишана од страна на докторот се до првиот ултразвучен преглед кога се гледа каде е бременоста, колку на број и дали има позитивна срцева акција.
Доколку тестот за бременост е негативен се прекинува со целата терапија и се припрема пациентката за наредна процедура, најдобра за нејзе.
Иако ин витро оплодувањето не е 100% успешно сепак оваа метода има процент на успешност како и природното забременување дури и повисок. Но веројатноста дека ќе дојде до породување на здраво дете е пониска од природното забременување т.е. на светско ниво 26 %, наспроти природното кое е со 30%. За споредба кај партнери кои што немаат проблеми со неплодноста 15% од сите јајни клетки нема да се оплодат, 15% од сите оплодени јајни клетки нема да се имплантираат, од 70% имплантирани ке завршат како биохемиска бременост која нема ни да се регистрира, а 40% од вкупните бремености кои се регистрирале можат да завршат со спонтан абортус, најчерсто во многу раните денови, сумарно окулу 30 % од сите имплантирани ембриони ке завршат со породување.
Плодоноста на жената се намалува со годините, колку е пациентката постара толку помалку јајни клетки ќе добиеме во текот на ин витро постапката и со послаб квалитет.
Ин витро постапката за жал не е метода со која што може да се премостат сите проблеми на неплодноста.
ICSI или интрацитоплазматско инектирање на сперматозоид
Оваа метода на потпомогнато оплодување се користи во случаи на тешка машка неплодност.
Се применува од 1992 година, а се состои од инектирање ( вметнување) на еден сперматозоид со најдобар квалитет, со помош на посебен инструмент (микроманипулатор) под микроскоп со големо зголемување во самата цитоплазма на јајната клетка. После оплодувањето следењето на развојот на ембрионот и внесувањето во матката е како во класичното ин витро.
Во кои случаи се применува оваа метода?
- Кога бројот на сперматозоиди во семената течност е многу мала
- Ако сперматозоидите се бисок процент неподвижни
- Ако ги има во омногу мал број со нормален облик
- Ако во претходните постапки на ИВФ пациентката слабо реагирала на стимулација и е добиен мал број на јајни клетки од кои е оплодено мал број или ниедна со класично ин витро
- Ако во спермалната течност е најдено високо ниво на спермални антитела
- Ако сперматозоидите се добиени од постапки како ТЕSЕ(testicular sperm extraction) т.е биопсија на тестис или ТЕSА (testicular sperm aspiration) тестикуларна аспирација на сперматозоиди.
IMSI (ИНТРАЦИТОПЛАЗМИЧНО МОРФОЛОШКО ИНЈЕКТИРАЊЕ НА СПЕРМАТОЗОИДИ) IMSI претставува интрацитоплазмично вбризгување на морфолошки селектирани сперматозоиди. Процесот на IMSI вклучува проценка на сперматозоидите при многу големо приближување со користење на инвертен микроскоп. Овој дигитално засилен микроскоп поседува многу голема приближувачка моќ ( околу 6000х приближување) во споредба со тој кој нормално се користи во ICSI ( 200x ) Ова големо приближување може да овозможи да се идентификуваат суптилни дефекти кај сперматозоидите кои не се видливи со ковенционален ICSI микроскоп. Нашите ембриолози ги испитуваат дефектите во самата глава на сперматозоидите како и конвенционалните проверки за аномалии во големината, формата и подвижноста. Откако ќе се одберат, сперматозоидите се вбризгуваат во јајце-клетката на ист начин како и со стандардната процедура ICSI.
PICSI (Пред селективно интрацитоплазмично инјектирање на сперматозоиди) При природна инсеминација, успешно оплодување на ооцити може да се постигне само од сперматозоиди кои имаат капацитет да се поврзат со хемиската супстанца (хијалурон) присутна на површината на ооцитот. Таквата интеракција може да се постигне само со зрели сперматозоиди кои имаат биохемиски капацитет да се поврзат со хијалуронот. PICSI е техника со која се симулира природната селекција на зрели сперматозоиди. Принципот на овој метод е одгледување на зрели сперматозоиди во специјално обработен сад, во кој е нанесен гел кој содржи хијалурон. Избраните сперматозоиди потоа се користат за микро-манипулативно оплодување.