Доколку планирате добивање на ИВФ третман користејќи соспствени јајце-клетки и сперматозоиди, тогаш вие и вашиот партнер ќе треба да се подложите на низа тестирања, за да може да се направи точна проценка во врска со нивото на плодноста, а која за возврат ќе му помогне на вашиот ИВФ специјалист да создаде соодветен третман протокол за вас со цел максимизирање на вашиот успех.
- Тестирање на оваријалната резерва. Голем број на тестови се користат при проценката на оваријалната резерва на пациентот. Ова вклучува испитување на хормони како што се FSH, LH, Естрадиол, Пролактин, TSH и AMH тест. Не сите овие тестови се наменети за мерење на нивото на оваријалната резерва, но сите служат за мерење на работи кои се со неа тесно поврзани. За повеќе информации околу тоа за што служат овие тестови и што значат нивните нумерички вредности, ве молиме погледнете ја страната “Интерпретирање на резултатите од ИВФ тестот”. Освен хормонското тестирање, од вас ќе биде побарано да имате транс-вагинална ултразвучна снимка за оценка на јајниците и матката. Бројот на антралните фоликули во секој јајник, заедно со нивото на хормони ќе му даде на знаење на вашиот доктор за вашата оваријална резерва.
- Aнализа на сперма. Aнализата на сперма е важен дел од било која проверка за неплодност. Анализата на сперма помага да се оцени квалитетот на семениот примерок во однос на клучните параметри, вклучувајќи волумен на сперма, концентрација (број) на мл, подвижност, морфологија, pH и бројот на бели крвни клетки. Додека тестирањето на сперма понекогаш се гледа како помалку важно во споредба со женскиот скрининг, треба да се има на ум дека околу една третина од сите случаи на неплодност се резултат на проблеми со спермата, што во повеќето случаи може да се спречи.
- Скрининг на инфективни болести. Вие и вашиот партнер, двајцата ќе бидeте испитувани за инфективни болести. Овие испитувања треба да бидат направени во нашата сопствена лабораторија поради нашите високи прописи за безбедност. Целта на овие тестови е двојна. Едната е да бидеме сигурни дека нема да го изложиме вашиот потомок на познати инфективни болести. Втората, што е многу важна за една ИВФ лабораторија, е да ја заштитиме нашата лабораторија од вкрстена контаминација со патогени преку крвта кои може да ги изложат половите клетки и ембрионите на дополнителен ризик од контаминација.
- Вршење (лажен) трансфер на ембрионот. Лажен трансфер тест ќе биде изведен пред вистинскиот трансфер на ембрионот, со цел да се утврди длабочината на шуплината на матката и да се идентификува најоптимална техника на поставување на вашите ембриони во матката за постигнување максимален успех.
Некои од горенаведените тестови нема да бидат потребни ако не планирате користење на сопствени јајце-клетки или сперматозоиди во текот на Ин витро третманот, сепак, дури и ако не ги користите сопствените јајце-клетки и сперматозоиди, и понатаму ќе треба да се подложите на тестирање за да бидеме сигурни дека не постојат други проблеми кои може да ja попречат успешната бременост.