+38977 443 443 / +3892 2734 350 contact@newborn.mk
  • English
  • македонски јазик

BSC. МИМОЗА ВИТАНОВА

Ембриолог

 

Мимоза Витанова родена е 11.02.1988 во Скопје. Средно образование завршува 2006 година во СУГС „Раде Јовчевски Корчагин“. Истата година ги започнува своите додипломски студии на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Природно-Математички Факултет на институтот за биологија. Во 2009 година станува добитник на стипендија за академска размена на Универзитетот Св Климент Охридски – Софија / Бугарија, Факултет за Биологија, Насока- Молекуларна Биологија. Во 2011 година успешно ги завршува своите студии и станува дипл. инж. по биологија. Своето академско образование го продолжува на последипломските студии на Природно-математичкиот факултет на институтот за биологија. За време на студиите, своето образование го надоградува со волонтерска работа во неколку лаборатории: 1. Истражувачки центар за генетско инженерство и биотехнологија, Македонска Академија на Науките и Уметностите (2009год) 2. Биохемиска Лабораторија, Институт за инфективни заболувања, Клинички Центар (2010год.) 3. Биохемиска лабораторија, ЈЗУ Здравствен Дом, Поликлиника Јане Сандански (2011год) Во периодот од 2011 до 2014 година успешно работи во ин витро лабораторијата и банката за матични клетки во приватната болница Свети Лазар/ Моја Болница, Скопје. Својата љубов кон ембрилогијата продолжува да ја негува во центарот за плодност, Newborn Clinic.