+38977 443 443 / +3892 2734 350 contact@newborn.mk
  • English
  • македонски јазик

Интерпретирање на резултатите од тестот

 

Тестирањето на женската неплодност започнува со серија на хормонски тестови заедно со сонограм. Тоа е најчесто првиот чекор во оценување на женската плодност освен ако не постои причина да се започне со испитување на друго место.

 

1- Хормонско тестирање: Една од најважните информации, кога станува збор за женската плодност е проценка на јајниците. Проценката на јајниците  се однесува на собирање на информации за оваријалната резерва на пациентката и нејзиниот квалитет на ооцитите. Хормоните кои се поврзани со репродуктивните функции на пациентка се следниве:

 

Фоликуло-стимулирачки хормон (FSH): Овој специфичен хормон е произведен од страна на хипофизата. Хормонот FSH ги стимулира гранулозните клетки кои се наоѓаат  во јајниците и го поттикнува производството на естроген. Зголемено нивото на FSH е показател дека снабдувањето на жената со јајце-клетки (јајната резерва) се намалува, или веќе е  намалена, па според тоа, хипофизата ослободува повеќе FSH за да се компензира оваа загуба. Обично, нивоата на FSH почнуваат природно да се зголемуваат неколку години пред жената да влезе во менопауза, и жените кои се во постменопауза може да имаат нивоа на FSH помеѓу 25,8 и 134,8 mIU / ml.

 

Лутеинизирачкиот хормон (LH): Хормонот LH е исто така произведен од страна на хипофизата. Кај жените, овулација на зрели фоликули од јајниците е предизвикана од страна на голем излив на секреција на LH, според тоа, хормонот LH е одговорен за созревање и конечно раскинување на ооцитот.

 

Естрадиол (Е2): Естрадиол е форма на хормонот естроген. Кај жените, естрадиол се произведува во јајниците и надбубрежните жлезди. Тој, исто така се произведува во плацентата за време на бременоста. Естрадиолот помага во растот на женските полови органи, и е, исто така, показател за функционирање на јајниците на жената.

 

Тиреостимулирачки хормон (TSH): Производство на TSH вклучува серија на настани. Хипоталамусот произведува хормон наречен TRH, кој потоа предизвикува од хипофизата да се ослободи TSH. Овој хормон ни помага да ги процениме проблемите со тироидната жлезда. Проблемите со тироидната жлезда може да се извор за голем број  симптоми како и да влијаат на вашата плодност.

 

Анти Милеров хормон (AMH): Нивоата на АМH укажуваат на раст на малите фоликули во јајниците. AMH се добива директно од гранулозните клетки во јајните фоликули. Според тоа, AMH е прифатен како попрецизна мерка за оваријалните резерви во однос на FSH. Ова е особено точно за жените во понапредна возраст. За пациенти постари од 35 години, резултатите од хормонското тестирање без AMH нема да обезбедат целосна проценка на нивото на плодноста.

 

Идеално, за точна проценка, хормонските тестови се прават на вториот или третиот ден од менструалниот циклус. Нормалните граници на овие хормони се следните:

 

Нормални граници на хормонски тестови:

Тест                Нормални граници              Единица мерка
FSH                        2.9 – 12.0                         mUI/ml 
LH                          1.5 – 8.0                           mUI/ml 
Estradiol                18.0 – 147.0                        pg/ml 
Prolactin                  5.0 – 35.0                          ng/ml 
TSH                       0.25 – 5.0                          mUI/ml 

AMH 
< 0.3 ng/ml Многу ниско ниво на плодност 
0.3 – 1.0 ng/ml Ниско ниво на плодност 
1.0 – 3.0 ng/ml Оптимално ниво на плодност 
> 3.0 ng/ml Ризик за PCOS  

Имајте предвид дека постојат повеќе од една скала за мерење. Вашата лабораторија може да ги мери нивоата на хормоните во ng / ml, pmol / l или mIU / ml или било која друга скала. Ова значи дека броевите сами по себе ќе немаат никаква смисла, освен ако не се прикажани со скала за мерење. На пример, едно AMH ниво од 5 нема да значи ништо, но нивото AMH од 5 ng / ml покажува оптимално ниво на плодност, со можност за PCOS додека AMH  нивото од 5 pmol /l  означува ниво на плодност што е речиси невидлива . Покрај ова, исто така треба да имате на ум дека иако скалите за мерење и мерните единици можат да бидат исти, референтните вредности дадени од страна на апаратурата која се користи во вашата лабораторија може да се разликуваат од вредностите што се наведени погоре. Горенаведените броеви треба да ги користите само за референтни цели и да им препуштите на нашите ИВФ специјалисти да протолкуваат на што укажуваат овие бројки, за да се избегне секаква конфузија.

2- Основен ултразвучен скен: Основниот ултразвучен скен е скенирање кое се врши на вториот или  третиот ден од менструалниот циклус, токму кога треба да се спроведат хормонските тестови. Оттука, една посета кај вашиот гинеколог ќе биде доволна за да се направат сите прелиминарни оценки за вашата неплодност. Резултатите од скенирањето ќе укажат на големината на јајниците, матката, бројот на антрални фоликули како и изгледот на ендометриумот. Бројот на вашите антрални фоликули покажува колку фоликулите се “подготвени” да бидат регрутирани од овулацијата за време на ИВФ третманот. Обично, вкупниот број на антрални фоликули од 5/6 и погоре е индикација за прифатливо ниво на оваријална резерва. Ако бројот на антрални фоликули надмине 12 во секој јајник поединечно, тогаш пациентот треба да се смета за потенцијален кандидат за PCOS и да биде испитуван понатаму за воспоставување на правилна дијагноза. PCO или PCOS исто така, може да се забележат преку соодносот на LH / FH кој е значително повисок од просечната вредност, еднаква на 1. Покрај бројот на антрални фоликули, ултразвучниот преглед, исто така, ни дава можност за проценка на јајниците и матката. Доколку постои главен проблем во матката или јајниците кој може да влијае врз успешната бременост, треба да биде видлив во текот на ова скенирање.

 

Тестирање на машката неплодност:

Тестирањето на машката неплодност започнува со анализа на спермата. Со оваа анализа се оценува семениот примерок во однос на неколку параметри, како што се бројот на сперматозоиди, концентрацијата, подвижноста, морфологијата, бројот на кружни клетки, pH, итн. Овие параметри ќе бидат показател за капацитетот на спермата да ја оплоди јајце клетката. Семената анализа ќе даде поточни резултати, ако тaа се прави после 3 или 4 дена апстиненција (без сексуална активност). Идеално,не треба да конзумирате премногу алкохол и тутунски производи неколку месеци пред планираната бременост. Критериумите на СЗО за нормални вредности на спермата се следните:

Обем:> 2,0 мл

Концентрација:> 20 милиони / мл ( Исто така позната како ” број на сперматозоиди”)

Подвижност:> 50%

Морфологија:> 30% со нормална морфологија

Бели крвни клетки (леукоцити): <1 милион /мл

pH: 7,2-7,8

 

Дали ќе биде потребно понатамошно тестирање ќе зависи од вашата историја на неплодност, тестирање и третмани. Додека горенаведените параметри се минималните барања во семениот примерок според Светската здравствена организација (СЗО), тие се однесуваат на нормалните вредности кои треба да бидат присутни во семениот примерок за да се постигне природна бременост преку сексуален однос. За време на ИВФ третманите, ние често работиме со семен примерок кој има многу низок  број на сперматозоиди, мотилитет и морфологија. Семените примероци кои спаѓаат под стандардните барања утврдени од СЗО може да се категоризираат на следниов начин:

Олигозооспермија се однесува на бројот на сперматозоиди во ејакулатот, кои биле тестирани за пониски од нормалните параметри утврдени од страна на СЗО. Нормалниот опсег на бројот на сперматозоиди е над 20 милиони /мл, па оттука, мажите чиј спермограм укажува на број на сперматозоиди помал од 20 милиони / мл се смета дека припаѓаат во олигоспермија (олигозооспермија) категорија.

 

Астенозооспермија се однесува на семен примерок за кој е утврдена подвижност пониска од 50%. Способноста на сперматозоидите да се движат е директно поврзана со нивната способност да пливаат низ грлото на матката, да стигнат до јајцеводите и да ги оплодат ооцитите. Колку е помала подвижноста, толку е помала способноста на сперматозоидите самите да стигнат до јајце-клетките и да ги оплодат. Меѓутоа, со IVF / ICSI технологиите, ова е еден од факторите за неплодност, кој лесно може да се коригира.

 

Тератозооспермија се однесува на намалено ниво на сперматозоиди, кои се со нормална форма. Со други зборови, тератоспермија (тератозооспермија) се однесува на високо ниво на сперматозоиди во ејакулатот, кои се сметаат за “абнормални”. Овие абнормалности може да сe поврзани со дефекти на главата, опашката или средината. Во зависност од присутната абнормалност, и во зависност од други параметри на спермата, одредени методи на лекување како што се ICSI или MicroFluidic Chip може да обезбедат решение.

Азооспермија е состојба која се карактеризира со тотално отсуство на  сперматозоиди во спермата. Азооспермијата може да се класифицира како опструктивна азооспермија или не-опструктивна азооспермија. Во зависност од вашата дијагноза, може да бидат користени хируршки методи на екстракција на спермата  и може да биде извршен успешен ИВФ третман.