Секундарна неплодност е неможност да се зачне кај жени кои претходно биле бремени и кои имаат редовен незаштитен сексуален однос во траење од една година кај жените под 35 годишна возраст или 6 месеци кај оние на возраст од 35 години или постари.
Секундарната неплодност може да се случи поради многу причини. Понекогаш, тоа се должи на зголемување на возраста, а тоа е поврзано со пад на квалитетот и квантитетот на јајце-клетките, со што зачнувањето станува потешко. Исто така, тоа може да се должи и на комликации поврзани со бременоста, оштетување на матката или јајцеводите, пореметување на овулацијата, проблеми со спермата, или други медицински промени кои се случиле во перидот по претходната бременост. Ова се чести дијагнози и нивниот третман зависи од потенцијалната причина.