Инфертилитетот претставува хетерогено заболување со мултифакторијална етиологија кој афектира околу 22% од паровите во репродуктивната возраст во светската популација.
Преваленцата на инфертилитетот варира во различни региони и држави, но во секој случај драматично е зголемен бројот на паровите кои ги посетуваат центрите за асистирана репродукција.
Многу од пациентите мислат дека успехот на ин витро постапката е 80% и повеќе и дека се под 50% е слаб успех.
Во реалностa сликата е поинаква, дури и млад и фертилен пар кој се обидува да зaбремени по природен пат има процент на успех на месечно ниво од 15-20%. Успехот на ин витро постапката е условена од многу работи како возраста, висината и тежината (body mass index), оваријалната резерва, бројот, подвижноста и морфологијата на сперматозоидите, репродуктивната историја (години на третман на стерилитет, бремености, спонтани абортуси итн).
Жени со најдобри шанси за успешно ин витро на еден циклус имаат процент на успех 40%, додека мнозинството на жени кои подлежат на оваа постапка на циклус имаат процент на успех од 20-35%. Оваа перспектива може да помогне во одлуката да се обидат пациентите повеќе од еден пат за ин витро постапка и да не се обесхрабруваат доколку првиот пат е неуспешен.
Ако имате еден или повеќе неуспешни ин витро обиди побарајте информации од својот доктор за квалитетот на ембрионите, протоколот на стимулација како и количината на хормоналната терапија што се користи, дебелината на ендометриумот, историјата на стерилитет за да научите повеќе за можностите и шансите да имате бебе како и активно да учествувате во одбирање на идните одлуки окулу третманот на следната ин витро постапка.
Исто така пациентите мора да бидат запознаени со ризикот од ин витро оплодувањето како што е состојбата на хиперстимулација на јајниците, близначка бременост како и ектопична бременост која може да заврши со оперативен зафат.