Инфламација – Кога ни го спасува животот, а кога ни го одзема здравјето.

Секогаш кога ќе се спомне инфламација се мисли на болка, но во свет кој припаѓа на микроорганизмите (бактерии, габи, паразити и вируси), реакцијата на инфламација е единствениот начин да преживееме. Со оваа реакција на инфламација, нашето тело ги убива миркоорганизмите пред тие да не убијат нас. Исто така помага и во отстранување на оштетеното ткиво, кога ќе се повредиме, а со тоа ја локализира штетата и не дозволува инвазија на микроорганизми преку оштетеното ткиво. Додека про инфламаторната реакција го отстранува оштетеното ткиво, исто толку јака анти инфламаторна реакција на организмот го стопира инфламаторниот атак и го обновува оштетеното ткиво со ново – клеточна рејувенација. Инфламаторната реакција е многу јака, пропратена секогаш со болка, оток,црвенило се со цел да се локализира инвазијата или оштетувањето, за да може имунолошкиот систем брзо да го ослободи телото од напаѓачи, бидејќи ако инфламаторната реакција потфрли во идејата да ја локализира штетата доаѓа до сериозен атак на целиот организам и тогаш битката може да биде изгубена (бактериска сепса на пр).

Целата игра се развила на многу комплексно ниво, во текот на милиони години еволуција и е во суштина контролирана од 2 спротивни страни: про инфламација (воспаление, болка,оток,црвенило) и претставува фаза на напаѓање, обиколување и уништување на микроорганизмите и анти инфламација (обновување, клеточно размножување) т.е. рејувенација. Но, оваа совршена одбрамбена реакција на организмот не ја предизвикуваат само микроорганизмите и директната повреда на ткивата, туку и храната што ја внесуваме која телото ја доживува или како храна или како непознат напаѓач кој треба да се отстрани. Кога внесуваме храна која нашиот имунолошки систем не ја препознава како храна ( високо калорична, преработени јаглехидрати, ефтини преработени масла, транссатурирани хидрогенизирани масла) тогаш ја активира инфламаторната реакција, која овој пат не е пропратена со болка (тивка инфламација), но еднакво ги оштетува сите органи и ткива во организмот за да ја локализира и отстрани истата, но тоа не е во состојба да го направи. Ако тој процес трае доволно долго (една или повеќе децении) тогаш доаѓа до веќе видливо оштетување на различни органи, што се манифестира како различни болести. Денес се смета дека во голем дел тивката инфламација е одговорна за многу од болестите на срцето и крвните садови, диабетесот тип 2, алцхајмерова болест и др).

Откога се откри оваа игра на инфламација и антиинфламација, медицината се насочи кон барање лекови кои ќе ја блокираат тивката инфламација. Се работи за антиинфламаторни лекови кои досега се откриени како аспиринот, нестероидни антиинфламаторни лекови, имуно супресори, COX-2 инхибитори кои на долги стази носат други проблеми како имуно супресија, остеопороза, слабеење на срцето па дури и смрт. Зошто тоа се случува? Едноставно супримирајќи ја инфламаторната реакција на телото ја супримираат и антиинфламаторната реакција.

Здравјето на нашето тело е пред се рамнотежа, и тоа на молекуларно ниво рамнотежа на т.н молекули еикосаноиди( за откривањето на нивната улога во здравјето на човекот во 1982 год добија Нобелова награда тројца истражувачи). Овие молекули можеме да ги поделиме на “лоши“ и “добри“ еикоссаноиди, иако нивната улога(рамнотежа) е подеднакво важна. Воглавно се произведуваат од полинезаситени есенцијални масни киселини кои ги внесуваме преку храната и тоа: DGLA (дихомо-гамма-линоленична киселина), АА (арахидонска киселина) и EPA (еикосапентаеноична киселина). DGLA и AA се Омега 6, а EPA е Омега 3 масна киселина која се наоѓа во рибиното масло. Добрите еикосаноиди, оние кои ја фаворизираат реакцијата на клеточна рејувенација доаѓаат од DGLA, додека “лошите“ се создаваат во телото од АА, a EPA ја одржува ранливата рамнотежа помеѓу нив. Во суштина антиинфламаторните лекови ја спречуваат инфламацијата на телото но во исто време ја блокираат и DGLA да создава добри еикосаноиди и со тоа ја спречува фазата на клеточна рејувенација (ист ефект имаат и делимично хидрогенизирани масла, кои ги содржат сите, ама баш сите преработени производи).

Најдобар, најефтин и најприроден начин да се блокира тивката инфламација и да се промовира фазата на рејувенација, без компромитирање на имунолошката реакција на инфламација (која не спасува од инвазија од микроорганизми како што кажавме) е преку храната. За почеток доволно е отстранување на огромните количини на ефтини јаглехидрати, и ефтини преработени растителни масла, како и намалување на калорискиот внес на храната.