+38977 443 443 / +3892 2734 350 contact@newborn.mk
  • English
  • македонски јазик

Блог

Кои се моите шанси за успешно ин витро?

Инфертилитетот претставува хетерогено заболување со мултифакторијална етиологија кој афектира околу 22% од паровите во репродуктивната возраст во светската популација.

Преваленцата на инфертилитетот варира во различни региони и држави, но во секој случај драматично е зголемен бројот на паровите кои ги посетуваат центрите за асистирана репродукција.

Многу од пациентите мислат дека успехот на ин витро постапката е 80% и повеќе и дека се под 50% е слаб успех. (повеќе…)

Неговото височество – Прогестерон

Прогестеронот (P4) е неопходен за поддршка на ендометриумот, а со тоа и за успешна имплантација на ембрионот и одржување на здрава бременост.

За време на Ин витро циклусот, обично се користи терапија која влијае на нивото на прогестерон за да се спречи предвремена овулација.

Постојано се води дебата околу тоа колку треба да е нивото на прогестерон пред ембриотрансфер. (повеќе…)

ХПВ инфекција и исхрана

Во 50-тите години на минатиот век, George Papanicolau и Herber Traut, креираа тест ПАП тест, со кој се прави скрининг на карцином на грлото на матката. До тогаш цервикалниот карцином бил водечка причина за смртност помеѓу жените во светот.  После воведувањето на ПАП тестот за скрининг на цервикалниот карцином тој “падна“ на 13 – то место, во развиените земји, и почна да се дијагностицира во поголемиот број на случаеви во преткарцинозна фаза отколку во фаза на инвазивен карцином. (more…)

Зачувување јајни клетки

Што всушност значи зачувување на јајни клетки?

Замрзнување на јајни клетки научно се вика криопрезервација на ооцити и во суштина претставува замрзнување на јајните клетки на многу ниски температури -196 C или -320 Fahrenheit степени, што би значело замрзнување на апсолутна нула. Криопрезервацијата е околу 10 години стара метода која се користи во различни гранки во медицината. На оваа температура доаѓа до комплетно стопирање на целокупната клеточна активност вклучително и стареењето на клетката, што едноставно значи дека со замрзнување на јајните клетки се спречува нивното стареење и тие го задржуваат својот “младешки сјај” и отсуство на хромозомски дефекти до бесконечност (т.е додека не се одмрзнат и искористат за добивање на ембриони). (more…)

Хормони

Кои се најважните хормони во нашиот организам и колкаво е нивното значење?

Широк е спектарот на појави и состојби кои се резултат на хормоните и нивниот баланс: започнувајќи од сензитивни или нерационални реакции на надворешни појави, анксиозност, сон или несоница, будење, функционалност на метаболизмот, фертилност, глад и низа на психо-физички состојби каде за жал најчесто ги третираме последиците и ретко ги поврзуваме со вистинскиот причинител – хормоните и ендокриниот систем. Во суштина, важноста на хормоните оди до таму што без нормална функција на хормоните не би можеле да се репродуцираме, да се одржува бременоста, да растеме, едноставно самото постоење не би било возможно без добро и хармонично содејство на хормоните или таканаречените ,,курири,, во нашето тело. (more…)

Патувања и летни одмори во бременост

A woman in bikini makes a heart with her fingers, placing them over her pregnant belly

Pregnancy in summer

Една од најчестите дилеми кај секоја трудница, посебно во овој период на годината е дали може да патува и кои се препораките за изложување на сонце.

Препораките на гинеколозите се дека нема никаква контраиндикација да се патува доколку се утврди дека не се работи за ризична бременост. Ако бременоста е редовно контролирана и нема никаква опасност за предвремено породување  или појава на други патолошки состојби кои бараат мирување или хоспитализација тогаш може да се користат сите превозни средства со одредени препораки, различни за секој период од бременоста. (more…)

Што е ФСХ и што значи високо ниво на ФСХ?

Постојат голем број фактори кои може да влијаат да не дојде до зачнување по природен пат. Она што е важно е да се утврди кои се тие фактори и да се даде точна дијагноза.

Утврдувањето на вистинските фактори бара пациентите да се подложат на серија  испитувања и тестови за плодност. За многу пациенти, добивањето на резултатите од  овие тестови може да биде возбудливо надевајќи се на одговори , но исто така може да биде збунувачко и застрашувачко па тие да се прашуваат што значат тие резултати.

Еден од најчестите и најважните тестови кои треба да се направат е тест на крвта за мерење на нивото на ФСХ.

Но што e тоа ФСХ и што значи неговата висока вредност? (more…)

Бластоцисти

Ембрионот го започнува својот раст како една клетка, а потоа се дели на секои 12-24 часа.

До третиот ден ембрионот е составен од 6-8 клетки и се нарекува повеќеклеточен ембрион, а веќе на петтиот ден брои околу 70-100 клетки и се нарекува бластоцист.

Со цел да се формира бластоцист, еден ембрион ги активира своите гени преку процес наречен геномска активација . Геномската активација му овозможува на ембрионот да произведе енергија потребна за понатамошна клеточна поделба, диференцијација и формирање на бластоцист. (more…)

Поволните ефекти на цревните бактерии врз здравјето

Незабележливи и невидливи милиони и милиони бактерии, ги нарекуваат нашите црева дом.

Иако бактериите секогаш не асоцираат на болести, вистинските бактерии во нашите црева, всушност не штитат од многу болести. Нормалната микрофлора на цревата, посебно одредени врсти на лактобацили и бифидобактерија, се поврзани со подобрување на варењето на храната, подобрена цревна перисталтика, подобрување на имуната функција на гастроинтестиналниот тракт, подобрена толеранција на лактоза (млечен шеќер), намален ризик за развој на алергии и дури и намален ризик од колоректален карцином. (more…)

Како да бидеме сигурни дека купуваме здрави производи

Во светот се познати некаде околу 23 000 продукти кои се користат во исхраната, и се уште е процес на истражување кои од нив да се издвојат како најдобри и најхранливи, т.е. кои од нив се најбогати со витамини, минерали, белковини, есенцијални масни киселини, влакна и разни фитонутритиенти кои дејствуваат како силни антиоксиданси.

Кои се критериумите? (more…)