Бластоцисти

Ембрионот го започнува својот раст како една клетка, а потоа се дели на секои 12-24 часа.

До третиот ден ембрионот е составен од 6-8 клетки и се нарекува повеќеклеточен ембрион, а веќе на петтиот ден брои околу 70-100 клетки и се нарекува бластоцист.

Со цел да се формира бластоцист, еден ембрион ги активира своите гени преку процес наречен геномска активација . Геномската активација му овозможува на ембрионот да произведе енергија потребна за понатамошна клеточна поделба, диференцијација и формирање на бластоцист.

Способноста на ембрионот да ги користи сопствените гени и да произведе енергија не е едноставна. Околу една третина од ембрионите се способни за успешно да ги активираат своите гени и да растат до фазата на бластоциста.

Следењето на развојот на  ембрионите во лабораторија е важно за донесување на одлуката кои ембриони ќе бидат одбрани за трансфер. Понекогаш  најдобрите ембриони се појавуваат веднаш, додека за други се потребни неколку дена.