Зачувување јајни клетки

Што всушност значи зачувување на јајни клетки?

Замрзнување на јајни клетки научно се вика криопрезервација на ооцити и во суштина претставува замрзнување на јајните клетки на многу ниски температури -196 C или -320 Fahrenheit степени, што би значело замрзнување на апсолутна нула. Криопрезервацијата е околу 10 години стара метода која се користи во различни гранки во медицината. На оваа температура доаѓа до комплетно стопирање на целокупната клеточна активност вклучително и стареењето на клетката, што едноставно значи дека со замрзнување на јајните клетки се спречува нивното стареење и тие го задржуваат својот “младешки сјај” и отсуство на хромозомски дефекти до бесконечност (т.е додека не се одмрзнат и искористат за добивање на ембриони).Постојат два типа на криопрезервација а тоа се: брзото замрзнување или витрификација и спорото замрзнување или класичната криопрезервација. Покрај различната техника (како што и самото име кажува) витрификацијата или брзото замрзнување има многу повисок рејтинг на преживување после одмрзнувањето, т.е 100% преживување на јајните клетки кога ќе се подложат на процесот на одмрзнување. Нормално 100% преживување не значи и 100% оплодување при процесот на ин витро и 100% бременост. На тој исход влијаат и многу други фактори. Во  Newborn Clinic користиме процес на витрификација т.е брзо замрзнување на добиените јајни клетки на -196 C. 

 

Колку време се ,,чуваат,, јајце клетките?

Замрзнувањето теоретски може да биде бесконечно т.е. нема ограничување во времето колку долго е замрзната јајната клетка  и тоа да влијае на квалитетот на истата. Потенцијалот на таа клетка да се оплоди и развие во здрав ембрион и здрава бременост е ист како на 20 или рани 30 години кога и се замрзнала. Нејзиниот раст и развој е застанат, поточно замрзнат со сите функции на возраста кога се реализирала витрификацијата.

 

Препорака кон сите жени над 30тата година.

Денешницата се повеќе не оптеретува со задачи и не размислуваме за нашите лични и основни потреби се до моментот кога може да биде и касно за реализација. Се повеќе жени се на раководечки позиции во различни сектори од општеството и истите не одат рака под рака со мајчинство во 20 ти или рани 30 ти години. Како што ја планираме нашата кариера, како што правиме финансиска конструкција  за нашата иднина, треба да размислуваме и да ја планираме и нашата репродуктивна иднина. За сега единствен начин да се победи времето и неговото унишувачко дејство на нашата ДНК, а со тоа и стареењето на клетките е криопрезервацијата. Направете го тоа кога сте млади. Инвестирајте во својата репродуктивна иднина.