+38977 443 443 / +3892 2734 350 contact@newborn.mk
  • English
  • македонски јазик

Д-р Марија Илиjовска

Специјалист-Ендокринолог

Д-р Марија Илијовска е родена 1990 година во Битола каде што завршила основно и средно образование со континуиран одличен успех. Дипломирала на Медицинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Во 2015 година добива специјализација по ендокринологија, која успешно ја заврши навреме во 2021 година на Клиниката за ендокринологија при Медицинскиот факултет во Скопје.

Работното искуство го започнала во Општата болница „8-ми Септември“, каде што работела како лекар во Одделот за итни случаи веќе неколку години. По завршувањето на специјализацијата, работното искуство го продолжила во приватна клиника специјализирана за оплодување и третман на неплодност. За време на нејзината специјализација, таа зема активно учество во конгреси и образовни курсеви во земјата и странство, вклучително и EASD, постдипломски курс во Софија (Бугарија), постдипломски курс EASD во Сараево (БИХ), EASD постдипломски курс во Прага (Чешка), EASD Постдипломски курс во Скопје (Македонија).

Д-р Илијовска има завршено неколку стручни образовни обуки во странство за дообразование од областа на дијабетологија и тироидологија (Факултет за медицина, Универзитетот во Белград, Србија) и во областа на андрологијата каде учествувала во работата на неколку познати универзитетски центри во Италија. Таа е членка на неколку меѓународни организации во областа на ендокринологија, андрологија и дијабетес.