+38977 443 443 / +3892 2734 350 contact@newborn.mk
  • English
  • македонски јазик

Третмани

Избирањето на прав третман може да биде многу тешко, освен доколку се направи темелно испитување за да се идентификуваат вашите единствени потреби и услови за оплодување. Изборот на клиника за ИВФ исто така може да претставуваогромна одлука. Секој пациент е различен од останатите, па според тоа, единствен рецепт нема да одговара секому. За таа цел, следнава стратегија може да биде од корист при планирање на вашиот третман: -Помладите пациенти без претходни тестирања или историја на третмани за неплодност, треба да започнат со иницијалниот процес за тестирање опишан подолу во делот “Тестирање на неплодност”. Врз основа на овие резултати од тестот, како и возраста на пациентот, може да биде избрана опцијата за помалку инвазивен третман, како што е IUI, за разлика од поинвазивната IVF/ICSI процедура. Сепак, за постари пациенти (на возраст од над 35 години) не е препорачливо да губат дополнително време со поедноставни третмани бидејќи плодноста има тенденција да се намалува прилично брзо по оваа возрасна граница. -Пациентите со историја на неуспешни третмани, ќе бидат предмет на понатамошни испитувања на неплодноста, како што е наведено во делот “Тестирање на неплодностa”. Доколку овие испитувања покажат дека сопствените јајце-клетки и сперматозоиди на пациентите се прифатливи за третман, тогаш ќе се препорача IVF/ICSI третман со користење на сопствени јајце-клетки и сперматозоиди. Протоколот на третманот и прецизните дози на лекови кои треба да се даваат ќе зависат од вашата возраст, индивидуалните хормонални нивоа и од претходната историја на третмани. Ако постои било какво сомневање за генетска причина за пролонгираните периоди на неплодност и за можеби веќе неуспешните ИВФ третмани, по направените неопходни тестирања, парот може да биде советуван да направи PGD (пред имплантациска генетска дијагноза) тестирање на ембрионите, со цел да се одвојат генетски здравите ембриони од оние со генетски аномалии, пред да се изврши процедурата за трансфер на ембриони. Доколку се појават сериозни оштетувања кај јајце-клетките или сперматозоидите кои не можат лесно да се изолираат преку PGD тестирањето, тогаш користењето на јајце-клетки или сперматозоиди од донатор може да биде најсоодветниот начин на дејствување. ИВФ со донација на јајце-клетки, исто така, се препорачува за парови со женски фактор на неплодност, каде што јајце-клетките на женскиот партнер не дозволуваат оплодување или не дозволуваат да се случи бременост од било која причина. Ова може да се должи на предвремената оваријална инсуфициенција и менопаузата. ИВФ со користење на сперма од донатор се препорачува за парови со машки фактор на неплодност каде сперматозоидите на машкиот партнер не се во можност да ги оплодат јајце-клетките на женскиот партнер поради бројот, подвижноста и морфологијата на сперматозоидите, или овој третман може да биде избранпоради некоја генетска состојба на машкиот партнер од која постои опасност да се пренесе на неговите потомци. Пред да се донесе одлука за користење на донатор на сперма, треба да се истражат алтернативните патишта, како што е “хируршка екстракција на сперма”. Ве молиме имајте на ум дека ова се само упатства, и немаме за цел на било кој начин да дијагностицираме или да препорачаме третмани на овој веб-сајт. За попрецизни препораки и насоки, ќе треба да ги разгледаме вашите резултати од тестот, како и вашата историја на неплодност, заедно со сите детали кои би можеле да бидат релевантни, за да можеме да ви понудиме соодветни препораки.