Неплодноста кај жените во повеќето случаи ја сочинуваат проблемите со овулацијата. Кога не постои овулација, тогаш не постојат јајце-клетки кои можат да бидат ослободени од јајниците во јајцеводите, па според тоа, оплодувањето не може да се случи. Некои знаци кои покажуваат дека жената не овулира нормално обично вклучуваат неправилни или отсутни менструални циклуси. Понекогаш, овулацијата може да се случува, но квалитетот на јајце-клетките (ооцитите) не е доволен за оплодување. Ова особено е точно за време на пред-менопаузата (состојба веднаш пред влегување во менопауза).
Поретки причини за женска неплодност се:
– Блокирани јајцеводи како резултат на воспаление, ендометриоза, или операција при претходна ектопична бременост.
– Физички проблеми со матката, слабости на грлото на матката и лепливост во матката.
– Фиброиди, полипи и слободни течности во матката.
Многу работи можат да влијаат на способноста на жената да има бебе и со тоа придонесуваат за проблеми со плодноста. Тие се:
– Возраста. Со текот на годините, оваријалните резерви и квалитетот на јајце-клетките се намалуваат. Ова опаѓање станува се понагласено особено на возраст поголема од 35 години.
– Стресот
– Слабата исхрана што резултира со несоодветен внес на хранливи материи
– Спортски тренинзи
– Прекумерна или премала телесна тежина
– Прекумерно конзумирање на тутун
– Прекумерно конзумирање на алкохол
– Сексусално преносливи и заразни болести
– Секој фактор кој придонесува за хормонална нерамнотежа.
Стареењето ги намалува шансите на жената за да има бебе на следниве начини:
– Способноста на јајниците да ослободуваат јајце-клетки подготвени за оплодување опаѓа со зголемување на возраста.
– Здравјето на јајце-клетките на жената се намалува со зголемување на годините. Во понапредна возраст, се забележани повеќе генетски проблеми предизвикани од стареењето на јајце-клетките.
– Како жената старее, поверојатно е таа да има здравствени проблеми кои можат да влијаат на плодноста.
– Како жената старее, нејзиниот ризик од спонтан абортус се зголемува.
Колку долго жените треба да се обидуваат да забременат пред да се јават кај нивниот доктор?
Повеќето здрави жени на возраст под 30 години не треба да се грижат за неплодноста, освен ако тие веќе се обидуваат да забременат, во период од најмалку една година. Во тој момент, веќе треба да разговараат со своите лекари за евалуација на плодноста. Во некои случаи, жените треба да разговараат со своите лекари и порано. Жените во нивните 30-ти години, кои се обидуваат да забременат повеќе од 6 месеци треба да разговараат со лекар што е можно поскоро. Шансите на жената да има бебе рапидно се намалуваат секоја година по 30-та година. Па така, правењето на комплетна и навремена евалуација на плодноста е особено важно.
Од каде да се почне?
Првиот чекор за тестирање и оцена на неплодноста започнува кај вашиот гинеколог. Основното скенирање со ултразвук (сонограм), би било корисно за следење на антралниот фоликул (да се види колку потенцијални јајце-клетки содржи секој од јајниците). Ова треба да се направи на 2-от или 3-от ден од менструалниот циклус. Исто така, на истиот овој ден, треба да побарате да Ви се изврши хормонално тестирање, со цел да се направи проценка на функцијата на јајниците, вклучувајки Фоликуло-стимулирачки хормон ( FSH), Лутеинизирачки хормон (LH), Естрадиол, Пролактин, Тиреотропин ( TSH) и Анти-милеров хормон (AMH). Врз основа на овие резултати од тестот, ќе бидеме во можност да направиме проценка и да одлучиме за најсоодветниот начин на дејствување. За повеќе информации во врска со прелиминарните тестирања и како да започнете, посетете ја секцијата “Тестирање на неплодноста”.