+38977 443 443 / +3892 2734 350 contact@newborn.mk
  • English
  • македонски јазик

ПРОГРАМА ЗА ДОНАЦИЈА НА СПЕРМА

Њу Борн Клиника има договор со Европската банка за сперма од Данска и со Банка за сперма од Русија. Исто така , нашата клиника има дозвола од Министерството за здравство да има програма за донација на сперма. Кандидатите имаат можност да изберат донатор на сперма според сопствени спецификации и карактеристики споредени со базата на податоци на банката за сперма. Може да се избере донорски материјал за еден обид или за повеќе обиди за инсеминација (IUI) или пак за ин витро оплодување (ICSI). Секој донатор е анонимен (затворен донор) и поседува медицински сертификат обезбеден од банката, а кандидатите мораат да ја комплетираат законската регулатива и мора да поминат пред комисијата на Министерството за Здравство по што следува увоз на нарачаниот материјал.