+38977 443 443 / +3892 2734 350 contact@newborn.mk
  • English
  • македонски јазик

Ендометријално гребење (sckraching)

Ендометријално гребење се прави 1 или најмногу 2 циклуса пред планираниот ембриотрансфер со цел подобрување на циркулација во ендометриумот и подобра и поефикасна  имплантација на ембрионот.

Самата процедура знаци загребување или повредување на ендометриумот на матката со Новакова сонда или многу мала кирета.

Интервенцијата се прави под ултразвучна контрола, под спекулум, и на барање на пациентот под анестезија. Самата интервенција е безболна и краткотрајна.

Интервенцијата се планира однапред, 3 дена пред планираната интервенција се започнува со антибиотска терапија и циклусот во која што се реализира интервенцијата се започнува со хормонска заместителна терапија, за да се постигне полниот потенцијал на интервенцијата. Интервенцијата се прави откако имаме доказ за отсуство на вагинална и цервикална инфекција ( негативни микробиолошки брисеви) и после детално чистење пред и после со Бетадин раствор.

Самата интервенција ги носи ризиците од ширење на инфекција во горните партии на репродуктивни органи ( матка, туби и јајници, како и мала карлица) перфорација на матката, повреда на околни органи: мочен меур, црева итн.